СЕНКА

259 ден490 ден

На залиха

Се’ додека не беше откриено првото тело, никој сериозно не ја сфати видеоснимката. Линкот беше испратен до јавната адреса на електронската пошта на Националната служба за криминалистички истраги. Мејлот не содржеше порака, и беше невозможно да му се влезе во трага на испраќачот. Секретарката од администрацијата на полицијата ја заврши својата работа, го отвори линкот, ја изгледа снимката и претпостави дека станува збор за прилично несолена шега. Потоа, неколку денови подоцна, жената од снимката беше пронајдена мртва.

Но, таа не беше единствената жртва на убиецот чии злосторства неверојатно потсетуваа на убиство за кое пред многу години бил осуден свештеникот Роки Кирклунд. Истрагата е водена од страна на детективката Марго Силверман, која набргу го вклучува и психијатарот Ерик Марија Барка, хипнотизер, благодарение на кој Кирклунд завршил зад решетки. барк умее да ги натера луѓето да му ги откријат своите тајни, но овојпат и самиот нешто крие. Прашањето е дали човекот во затвор е невин додека вистинскиот убиец се’ уште е на слобода.

Book Author