КУЌАТА НА ОРХИДЕИТЕ

550 ден

На залиха

1939 година. Во светот беснее војна. Две семејства засекогаш се поврзани со тајни.

Познатата пијанистка Џулија Форестер многу време во детството минуваше во стаклената градина на благородничкиот имот Вортон парк, каде што со менувањето на годишните времиња цветаа и венеа егзотичните цветови што ги одгледуваше дедо и‘. Сега, додека закрепнува од семејна трагедија, Џулија одново бара утеха во Вортон парк кој неодамна го наследи Кит Крофорд, харизматичен маж чиј живот е преполн со тага. Кога за време на обновувањето ќе пронајдат дневник стар многу децении, тие двајцата и‘ се обраќаат на бабата на Џулија за да ја откријат тајната што ја сменила судбината на Вортон парк.

И така, Џулија нурнува во минатото, во светот на Оливија и Хари Крофорд, младата брачна двојка чиј кршлив брак се урнисал во Втората светска војна, оставајќи лузни кои неочекувано ќе ја допрат и Џулија.

SKU: 025276
Категорија: