Растегнати помеѓу љубовта и моралните стеги, правиме грешки недостојни за прошка и заборав. Опојното чувство на љубовниот вртлог нè води кон пропаст, самоуништување и накажување на духот и волјата. Со неповратниот билет кон избразните одлуки и недоумиците стигнуваме до кулминацијата на внатрешниот конфликт, кој ја разорува душата, истовремено посочувајќи само еден можен излез: каењето. Тогаш, се сретнуваме со себеси, разочарани од нашето сопствено битие и лекомисленост, сурова вистина која заслепува и боли, ужасно боли. Се каеме, копнееме за разбирање, но наидуваме на отпор, разорна рамнодушност… Знаеме… ние сме виновниците, ние сме кобниците кои ја убиваат туѓата среќа, желба, радост.
Што сега? Дали понатаму кон мрачниот крај, или назад кон облагодарената светлина?
Тоа се суштинските прашања кои ја распоруваат однатре младата секретарка Стефани Синтроп. Несвесна за својата непромисленост, таа посега по туѓата среќа… без да се плаши од казната на судбината, но тогаш настаните ја менуваат нејзината среќа, сега животот се враќа по неа, ја соочува со неа самата. Дали Стефани ќе одолее на искушенијата на неморалното и сепак, ќе се поврати од трнливиот пат на солзите?



