Четириесет години подоцна, Ели Хејворт открива писмо во Архивата на новинската куќа и е вовлечена во потрагата по разоткривање на двајца љубовници – Џенифер Стирлинг и анонимниот г-дин Б.
Испишувањето на страниците со случки од минатото и од сегашноста Џоџо Мојес го користи за да создаде тензија и претпоставка, не обезбедувајќи одговори сè до самиот крај на романот.
Дали Џоџо Мојес конечно дава одговор на прашањето: Кој е анонимниот љубовник со потпис „Б“?
Ова е роман што нема да ве остави рамнодушни, одлично напишан, исполнет со неколку драгоцени љубовни писма, што може да се најдат во сечиј личен дневник.
„Љубовникот“ е повеќе од љубовна приказна, тој е четиво во кое секој ќе се пронајде.



