ЛОВЕЦ НА ЗАЈАЦИ

550 ден

На залиха

Тукушто се стемнило, Софија влегува во големата луксузна вила на периферијата на Стокхолм во која ја чека новиот клиент. Богат, и подготвен да плати многу повеќе од вообичаената тарифа. Иако ја мачи некакво лошо претчувство, сепак останува, а кога сеансата ќе тргне лошо, ќе го гледа ужасот право в очи.

Убиецот е немилосрден и педантен, не остава ни траги ни докази, и тргнал во акција подготвен повторно да убие. Неговото однесување и` пркоси на секоја здрава логика, а полицијата стои во место. Единствениот што може да ја реши загатката е Јона Лина, поранешен полициски инспектор што издржува казна в затвор поради некои стари гревови. Со интервенција на премиерот, тој ќе мора тајно заедно со полицајката Сага Бауер да го фати ловецот на зајаци пред да биде премногу доцна. Пред и тие да станат негов плен.

SKU: 035582
Категорија:
Book Author