МЕСЕЧИНАТА ВО ВОДА

199 ден490 ден

На залиха

Хадиџа Рашид е софистицирана, урбана, млада муслиманка со совршен живот во Женева. Има прекрасно семејство, реализирана кариера и момче коешто ја обожува. По ненадејната, случајна смрт на нејзиниот татко од експлозија на бомба на градите на бомбаш самоубиец, таа се враќа дома во Шри Ланка. Таму открива тајна којшто се заканува да ги уништи сеемјните врски, тајна од сложени нишки на љубов, верност и предавство.

Нејзиниот сигурен и среќен свет се распаѓа кога по смртта на татко и‘ открива дека исламот не ја призанва законитоста на нејзиното посвојување. Тргнувајќи во потрага по идентитет, таа го бара биолошкиот брат и се бори да се помири со емоционалниот и правен пресврт.

Месечината во вода  живописно ја пренесува потрагата на една млада жена за признание и семејство. Во оваа приказна нза длабоки желби, идентитет и страст, Амина Хусеин исцртува драматичен портрет на загуба, збунувачка љубов и можно простување.