Женевското езеро, 1951 година. Едно ветување. Една кралска круна. Една љубов што никогаш не смеела да постои.
Лондон, денес. Кога Џорџија ќе открие дека розовиот сафир што ѝ бил оставен во „Домот на Хоуп“ е дел од исчезнатата круна на италијанското кралско семејство, нејзиниот живот засекогаш се менува.
Трагата ја води до Женевското Езеро… и до Лука – човек кој со години ја бара круната и тајната што таа ја крие.
Но зад сјајот на скапоцените камења се крие приказна за забранета љубов, предавство и жртва што ја надживеала цела една генерација.
Колку подлабоко навлегува во минатото, толку повеќе Џорџија сфаќа дека вистината нема само да го промени нејзиниот живот… Туку и сè што мислела дека знае за себе.



