Билјана Стојаноска е родена на 15 септември 1981 година во Битола, а израснала и живее во Ресен заедно со своето семејство. Основното образование го завршува во ОУ „Мите Богоевски“ во Ресен, а средното медицинско образование во ДСМУ „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. Потоа дипломира на Факултетот за биотехнички науки како инженер за контрола и квалитет на храната. Повеќе од 25 години работи како фармацевтски техничар во синџирот аптеки „Алпи фарм“ во својот роден град.
Љубовта кон книгата и пишуваниот збор ги носи уште од најрана возраст. Активно е вклучена и во драмската дејност при Дом на културата „Драги Тозија“ и детското драмско студио „Престиж“, каде што работи на аматерски драмски претстави за деца. Автор е на необјавените драмски текстови за претставите „Кога соништата се остваруваат – Пепелашка 2“, „Заљубени изгубени“ и „Кога Гринч ја украде Новата година“, а работи и на претставата „Авантурите на Пипи Долгиот Чорап“. Исто така адаптира и текстови од македонски народни приказни, меѓу кои „Ум со ѓум“, „Маѓепсаното момче“ и „Златка и трите мечки“.
Романот „Тајните што испливаа“ е нејзино прво книжевно дело, создадено со многу љубов, трпение и посветеност кон пишаниот збор.



