Луѓе исчезнуваат во темнината. Никој не знае зошто. Никој не знае што се случува со нив. И речиси сите биваат заборавени, освен една личност. Мила Васкез е опкружена со нивните погледи. Мила не може да ги заборави, затоа што на своја кожа, длабоко во душата, носи траги од таа темнина. Таа добро го познава повикот на темнината, затоа што ја игра играта со сенките од мигот кога се родила. Можеби токму поради тоа, Мила е најдобра во својата работа: ги пронаоѓа оние што светот ги отпишал. Еден случај ќе ја врати во самата срцевина на нејзините најлоши кошмари.
Уверете се зошто Донато Каризи е најдобриот трилер мајстор на деценијата!