Новиот ракопис на Ермис Лафазановски, „Туја“ е збирка на триесеттина раскази напишани во последните десеттина години. Тематиката кој преовладува низ расказите е современа, а раскажувачкиот стил се движи од меланхоличен до ироничен, па поголемиот број на раскази можат да се наречат и гротескни иако гротеската не е доминантна атмосфера во расказите.
Во ова збирка раскази можат да се сретнат експерименти во раскажувачката техника кои можат да се забележат подеднакво и во супер кратките раскази (од неколку редови) па до тие кои повеќе можат да се наречат новели. Инаку поголемиот број на раскази се наградени на разни конкурси за краток расказ, а некои од нив се отпечатени во наши книжевни списанија и дневни весници.



