Сепак има некаков ред во животот. Некаква чудесна, непредвидлива рамнотежа во космосот и во нашето божествено постоење. Не си бил заборавен, само неподготвен.
Сè уште верувајќи во праведност, Ела се соочува со најголемите загуби – своето бебе и својата чест. Кога светот ѝ се руши, таа мора да избере: да заборави или да се соочи.
Во свет во кој премолчувањето се наградува, а вистината се казнува, љубовта на Ела кон Адонис е единствената сила што ја тера да оди против сите. Но дали таа ќе биде доволна за да ја победи неправдата на своето работно место и огорченоста од валканите игри? Дали ќе успее да го надмине стравот од нова загуба? И дали од оваа бура обајцата ќе излезат целосни и среќни?
Од Скопје и „Партизанска“ до европските градови и Кикладите во Грција – со овој роман патуваме надвор и внатре. Надежна и нежна приказна за лекување на душата што се соочила со многу болки и со неправедно гризење на совеста. Но и за една водилка која секоја борба ја прави возможна и ѝ дава смисла.
Роман за храброста и љубовта што нè учат дека секогаш може одново да се почне.



