Број 1 според Њујорк тајмс, од Џоџо Мојес, авторот на Јас пред тебе, После тебе и Сè уште јас. „Париз за еден и други приказни“ е неодолива романтична колекција на раскази исполнета со хумор и напишана од срце.
Нел има дваесет и шест години и никогаш не била во Париз. Таа никогаш не била на романтичен викенд некаде далеку. Таа, всушност, и не сака многу да патува. Но, кога момчето на Нел нема да дојде на нивниот мини-одмор, таа ќе има можност да им докаже на сите, дури и на сама себе, дека не се во право. Сама во Париз, Нел ќе открие дел од себе за кој никогаш не знаела дека постои – таа е независна и смела. Дали ова ќе биде највозбудливиот викенд во нејзиниот живот?



