ПАЈАК

369 ден590 ден

На залиха

Пред три години Сага Бауер добила заканувачка разгледница ПАЈАК, со опис на пиштолот и девет бели куршуми – од кои еден е наменет за нејзиниот партнер, инспекторот Јона Лина. Праќачот напишал дека Сага е единствената што може да го спаси. сага му ја покажала разгледницата на Јона, но времето минувало, а заканата избледела како бесмислена провокација. Се’ досега. Најдена е вреќа со распаднато тело како виси од дрво кај Капелскер, а на местото на убиството најдена е избелена чаура. Полицијата наскоро сфаќа дека суровиот сторител им дава можност, преку комплицирани загатки, да ја прекинат серијата убиства. Јона Лина и Сага Бауер, рамо до рамо се обидуваат да ја решат загатката и да ги спасат означените жртви. Но, се чини дека секогаш стигнуваат предоцна. Ловот станува се’ повеќе личен и се’ понеизвесен. Овој сериски убиец можеби е невозможно да биде запрен…

Романот Пајак е страшно возбудлив, со незапирлива низа настани и драматични места и не е за оние со слабо срце…Читателите ќе се заплеткаат во мрежата на пајакот додека брзо ги прелистуваат страниците за да дознаат што ќе биде следното што ќе се случи, а несомнено ќе здивнат кога ќе избегаат од неа. – Лавридинг

Book Author