Смртта на уметноста

330 ден

Овој роман најавува амбициозен, интелектуално љубопитен и сестрано образован писател-интелектуалец, раководен првенствено од желбата отворено, храбро и критички да проговори за предизвиците на своето време, својот народ – но и за дилемите и предизвиците, со кои е соочена современата уметност воопшто.

На залиха

Ракописот на Героски е интригантно четиво, кое оддишува со интелектуална зрелост, реторичка елоквентност, мета-јазична и мета-фикционална амбиција и подготвеност, да се отскокне од романескното раскажување кон есеистичкото и програмско втемелување на една нова, макар и само „концептуална“ и утописка идентификација на современите Македонци.

Една од драгоцените одлики и доблести на романот на Героски е треперењето на силниот утописки импулс, кој се покажува посвеж од нихилистички зачмаената атмосфера и искушенија на едно време, задушено од цинизмот и суровоста на профитот, парите, капиталот, Моќта.

– Елизабета Шелева

SKU: 023058
Категории:,
ISBN:9786082234021
АвторКостадин Героски
Издавач:Магор