ПРОНАЈДИ ЈА ТВОЈАТА СЛЕДНА КНИГА ONLINE | Илјадници наслови спремни за испорака веднаш!
Откриј ја твојата следна книга
КЛУБ МАТИЦА
МАКЕДОНСКИ АВТОРИu003cbru003eu003cbru003eu003cemu003e#30ГодиниМатицаu003cbru003e#БулеварНаКнигитеu003cbru003e#ПаркНаКнигитеu003c/emu003eu003cbru003e
Разгледај книгиАВТОР НА МЕСЕЦОТ
u003ca href=u0022https://matica.com.mk/book-author/rade-siljan/u0022u003eРАДЕ СИЛЈАНu003c/au003e
Раде Силјан (родено презиме Павловски) е роден на 16 април 1950 година во с. Жван, Демирхисарско.u003cbru003eОсновно образование завршил во родното место, гимназија во Битола, а Филолошки факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар во „Студентски збор“, „Наш свет“, „Железничке новине“ и Радио Скопје. Бил главен уредник на Третата програма на Македонското радио и генерален директор на „Македонска книга“. Исто така, тој е основач и директор на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.u003cbru003eСилјан е член на ДПМ од 1982. Во два мандати бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија, како и претседател на Собранието на ДПМ.u003cbru003eСилјан е член на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Главен и одговорен уредник на едицијата „Македонски искушенија“ и член на редакцискиот одбор за подготовка на издавачкиот проект „135 тома македонска книжевност“. Почесен член е на Македонското друштво за наука и уметност во Битола. Член е и на меѓународната академија „Михај Еминеску“ во Крајова, Романија и на Славјанската академија во Варна, Бугарија.u003cbru003eДваесет и четири негови книги се преведени на: англиски, руски, турски, грчки, италијански, бугарски, српски, украински, полски, латински, романски, црногорски, влашки, словенечки, бошњачки и албански јазик.