-
-
СОБАТА НА ПЕПЕРУТКИТЕ
Поузи Монтакју се приближува до својот седумдесетти роденден. Адмирал хаус, нејзиниот сакан дом од детството,сместен во прекрасната околина на Сафок и место каде ги одгледала своите синови, полека се распаѓа.Таа е свесна дека мора да донесе тешка одлука, да се продаде имотот. Но оддеднаш, се појавува Фреди, нејзината прва љубов кој ја напуштил и ја оставил со скршено срце педесетина години порано.Борејќи се да излезе на крај со својот постар син, Сем и неговите матни бизнис-зделки, кои замалку не го доведуваат неговото семејство на улица, како и враќањето на другиот син, Ник, во Англија, Поузи не е сигурна дали може да му верува на Фреди и неговата љубов. А, тој и Адмирал хаус долги години кријат страшна тајна. Фреди знае дека ако сака да го продолжи животот со Поузи , одново ќе ѝ го скрши срцето. Ова е приказна за тоа како една лага од минатото може да уништи цел живот исполнет со верувања.
550 ден -
-
-
СЕСТРАТА СОЗДАДЕНА ОД БУРА
Втора книга од серијалот за СЕДУМТЕ СЕСТРИ. Али Д*Аплиез се подготвува за натпревар во една од најопасните трки на јахти во светот. И, тогаш дознава за мистериозната смрт на нејзиниот татко – посвоител. Бидејќи животот ѝ се превртува наопаку, таа решава да ја напушти морската шир и, следејќи ја трагата што ѝ ја оставил татко ѝ да отпатува во ледените предели на Норвешка со цел да ја открие мистеријата на своето потекло.
550 ден -
СЕСТРАТА НА СОНЦЕТО
Електра – најубавата, најбурната и најчуствителната од сестрите Д*Аплиез, изгледа како жена која има се*, слава, богатство, убавина! Но, после веста за смртта на Тате Солт, нејзината ментална состојба се влошува и таа бара утеха во алкохолот и дрогата. Додека сите околу неа се загрижени за нејзиното здравје, Електра добива писмо од непозната личност која тврди дека е нејзина баба…
550 ден -
-
МАСЛИНКАТА
Дваесет и четири години се поминати откако Хелена имала волшебен распуст на Кипар, каде за првпат се заљубила. Кога нејзиниот кум во наследство ќе ѝ ја остави трошната куќа Пандора, таа се враќа на Кипар, местото што некогаш го сакала, за да го помине летото со семејството. Пандора и околината околу неа идилични се како и пред тоа, и на Хелена ѝ навираат бројни сеќавања. Сепак , некои од нив не сака да ги подели со својот сопруг Вилијам и синот Алекс, кој очајнички сака да ја дознае вистината за својот роден татко. Кога случајно ќе се сретне со љубовта од младите денови, ќе се покрене ланец од настани кои воопшто не ги посакувала…
550 ден -
АНГЕЛСКО ДРВО
Поминале 30 години откако Грета го напуштила Марчмонт хол, величествена и прекрасна куќа сместена на падините на Мотмутшир. Но, кога се враќа за Божик, таа не се сеќава на минатото поврзано со ова место – резултат од ужасната несреќа која затемнила и избришала две децении од нејзиниот живот. А, потоа за време на една прошетка низ зимскиот пејзаж, таа наидува на гроб во шумата.Избледениот напис на надгробната плоча нагризана од времето ѝ открива дека тука почива мало момче…
550 ден -
-
-
-
СЕНКИ ОД МИНАТОТО
Емили де ла Мартиниер отсекогаш се противеше на своето аристократско потекло. Сега е единствена наследничка на домот со огромен имот на југот во Франција. Емили , ја има својата приказна. Ја има сопствената тага и радост, како секој од нас. А, кога ќе почне да „копа“ по трагите, ќе излезат живи слики, емоции, сеќавања…
550 ден -
-
-
-