Showing 1–20 of 326 results

  • СОБАТА НА ПЕПЕРУТКИТЕ

    Поузи Монтакју се приближува до својот седумдесетти роденден. Адмирал хаус, нејзиниот сакан дом од детството,сместен во прекрасната околина на Сафок и место каде ги одгледала своите синови, полека се распаѓа.Таа е свесна дека мора да донесе тешка одлука, да се продаде имотот. Но оддеднаш, се појавува Фреди, нејзината прва љубов кој ја напуштил и ја оставил со скршено срце педесетина години порано.Борејќи се да излезе на крај со својот постар син, Сем и неговите матни бизнис-зделки, кои замалку не го доведуваат неговото семејство на улица, како и враќањето на другиот син, Ник, во Англија, Поузи не е сигурна дали може да му верува на Фреди и неговата љубов. А, тој и Адмирал хаус долги години кријат страшна тајна. Фреди знае дека ако сака да го продолжи животот со Поузи , одново ќе ѝ го скрши срцето. Ова е приказна за тоа како една лага од минатото може да уништи цел живот исполнет со верувања.

    550 ден
  • НЕ СУМ ВИНОВНА

    „Тоа е судбината на жените…Често нѐ претставуваат лажно… “

    Динамичен роман кој го отсликува необичното зближување на две жени со иста тешка судбина. Роман кој те учи дека без разлика на сѐ, треба да се бориш за животот кој е дар од Бога!

    450 ден
  • ПАПАТА ЈОВАНА

    Папата Јована е сеопфатна историска драма насочена кон турбулентните настани што го карактеризираа 19 век, ограбувањето на катедралната црква Св.Петар од страна на Сарацените, пожарот во Борго кој уништи повеќе од три четвртини во Ватикан, битката кај Фонтеној, веројатно се најкрвавите и најужасните средновековни конфликти. Романот е фасцинантен живописен запис за животот во раниот среден век, ремек дело за неизвесноста и страста во чиј центар се наоѓа една  мошне исклучителна и фасцинантна жена во историјата на Западот позната под името Папата Јована. Таа е една од најконтроверзните личности во историјата на човештвото, која преправена во маж, застанува на чело на Христијанската црква и во 9 век станува прва и единствена жена која ќе седне на  пресветиот папски трон во црквата Св.Петар во Ватикан.

    600 ден
  • НЕКОЈ ДРУГ ЖИВОТ

    Близначките Ирене и Марта ван дер Линден безгрижно ги минуваат детството и младоста во живописното гратче Харлем на досег на Амстердам. По изгледот речиси идентични, по карактерот непомирливо различни, нераскинливо се поврзани една со друга. Но, нивниот татко, ценет доктор, чува тајна која може да ја уништи семејната среќа…Сето ова еден ден ќе биде минато.

    390 ден
  • СУВЕНИР

    Во подрумот на музејот Криспин во Бостон е пронајдена заборавена, но совршено сочувана зачувана мумија. Меѓутоа , кога персоналот на музејот ке ја повика иследничката Мора Ајлс да ја прегледа мумијата, таа открива дека тој „древен“ артефакт всушност е жртва на неодамнечно убиство.По пронаоѓањето на уште една жртва, полицијата мора да ја спречи изопачената игра на убиецот…

    450 ден
  • АНГЕЛСКО ДРВО

    Поминале 30 години откако Грета го напуштила Марчмонт хол, величествена и прекрасна куќа сместена на падините на Мотмутшир. Но, кога се враќа за Божик, таа не се сеќава на минатото поврзано со ова место – резултат од ужасната несреќа која затемнила и избришала две децении од нејзиниот живот. А, потоа за време на една прошетка низ зимскиот пејзаж, таа наидува на гроб во шумата.Избледениот напис на надгробната плоча нагризана од времето ѝ открива дека тука почива мало момче…

    550 ден
  • ИСЧЕЗНАТАТА

    Доктор Мора Ајлс е врвен Бостонски медицински патолог. Еден ден во нејзината болница ќе донесат почината жена.Откако Мора ќе ја отвори вреќата за да направи аутопсија на телото, мртвата жена ги отвора очите. Таа воскреснува, сета исплашена и збунета. Докторката наредува веднаш да се префрли во болница и да ја добие потребната натамошна нега. Но,жената во болницата го убива работникот од обезбедувањето и зема заложници, од кои една е бремена, детективката Џејн Рицоли, која само што не се породила.

    Мила, е црвенокоса девојка од Белорусија дојдена во Мексико.Измамена, таа е внесена во шема со проституција. Нејзината приказна е тажна и од ние кои ви го кршат срцето. Заедно со неколку други девојки донесена е во Америка каде што ја чуваат во куќа со решетки на прозорците.Нејзината судбина се лизга надолу, од миг во миг. И додека напнатите часови изминуваат, доктор Мора заедно со сопругот на Џејн, агентот на ФБИ, Габриел Дин, се обидува да го открие идентитетот на убиецот. Овој случај е многу посложен од обичното заложништво, а Џејн е единствената која ги држи клучевите на мистеријата…ако ја преживее ноќта.

    Сите овие три жени се заглавени во опасна ситуација. Но која е оваа насилна, очајна душа и што навистина сака таа откријте во овој несекојдневен, напнат, воодушевувачки трилер.

    450 ден
  • ТЕОДОРА

    Осудена на живот на актерка и блудница не поради ниското потекло или поради неморалното воспитување, туку поради несреќата и бедата во којишто ја фрлила татковата смрт, Теодора израснува бво сурова, огорчена жена, научена не само да не ги покажува чувствата туку и да ги закопува длабоко во себе.Со доаѓањето во византиската палата се чини дека се остварени сите амбиции на Теодора. Но, византиската царица дури тогашќе ја открие љубовта која ненадејно и ненамерно ќе ја доведе до целосна преобразба. Раскажувајќи ни за животот на Теодора од нејзиното детство, Стела Дафи не само што успева целосно да го реконструира животот на оваа необична жена и владетелка, притоа уривајќи ја претставата што најчесто ја имаме за неа, туку и ни ја доловува величенственоста на царската палата со сите политички интриги, толку вообичаени за тоа време.

    490 ден
  • МАСЛИНКАТА

    Дваесет и четири години се поминати  откако Хелена имала волшебен распуст на Кипар, каде за првпат се заљубила. Кога нејзиниот кум во наследство ќе ѝ ја остави трошната куќа Пандора, таа се враќа на Кипар, местото што некогаш го сакала, за да го помине летото со семејството. Пандора и околината околу неа идилични се како и пред тоа, и на Хелена ѝ навираат бројни сеќавања. Сепак , некои од нив не сака да ги подели со својот сопруг Вилијам и синот Алекс, кој очајнички сака да ја дознае вистината за својот роден татко. Кога случајно ќе се сретне со љубовта од младите денови, ќе се покрене ланец од настани кои воопшто не ги посакувала…

    550 ден
  • ВО ИМЕТО НА ПРЕДЦИТЕ

    Во сенките на една од уличките во кинескиот кварт е пронајдена пресечена женска дланка. На покривот на една од зградите, пронајдено е телото на кое му припаѓа дланката. Два прамена бели влакна закачени на нејзиното тело се единствениот патоказ за истрагата на Џејн Рицоли, но се сосема доволни за медицинскиот вештак Мора Ајлс да открие нешто шокантно: оваа насилна смрт има своја морбидна историја.

    480 ден
  • ЉУБОВНОТО ПИСМО

    Приказна со безброј лица… мистерија, акција, шпионажа, романса и закана… опасна игра на мачка и глушец одиграна низ лаги и љубов, тајни и заплети, измама и опасност. Интересна промена на пишувањето кај една од нашите најсакани авторки.

    550 ден
  • СЕНКИ ОД МИНАТОТО

    Емили де ла  Мартиниер отсекогаш се противеше на своето аристократско потекло. Сега е единствена наследничка на домот со огромен имот на југот во Франција. Емили , ја има својата приказна. Ја има сопствената тага и радост, како секој од нас. А, кога ќе почне да „копа“ по трагите, ќе излезат живи слики, емоции, сеќавања…

    550 ден
  • ВРЕМЕТО НА ЛАЛИЊАТА

    „ Времето на лалињата “ е уште едно прекрасно дело на Дебора Могах кое стана голем европски бестселер, а исто така доживеа и филмска екранизација во режија на Стивен Спилберг и Џад Лоу и Кира Најтли во главните улоги. Книгата претставува прекрасно уметничко дело кое го отсликува животот во Холандија во 17 век. Ова е раскошна приказна за љубовта, страста, неверството и уметноста.

    420 ден
  • РИНГИШПИЛ

    Нејзините покрети беа понежни и посуптилни од секоја нота. Нејзиното тело е синоним за страст и уметност истовремено. Елеганција, лирско изразување, емоции и грациозност во  себе носат едно име : Ана Балинт. Знаеше дека го сака, единствен , со страсна , длабока, чиста, немерлива љубов. Ј.Б.Алимпиќ испишува интимна исповед на балерина со кревко тело и џиновски дух, градејќи приказна за малите-големи луѓе, балетските сцени, салашите и уметниците, поетите и нивните музи, утрата кои мирисаат на слатко од дуња и незаборавните руски зими.

    450 ден
  • ДЕВОЈЧЕТО ШТО МОЛЧЕШЕ

    Кога во едно мало, прекрасно гратче во Торсби, Шведска ќе се случи брутално убиство на две деца и нивните родители – Себастијан Бергман,психолог и криминолошки профилер од Националниот оддел за убиства е единствениот кој може да ја реши мистеријата. Сепак, овој неприкосновен стручњак и член на „Риксморд“ тимот, ќе се најде во ќорсокак бидејќи нема осомничени.Но, ќе открие дека постои еден сведок: девојчето Никол, роднина на починатите деца, кое видело што се случило, но побегнало, стравувајќи за својот живот.Исчезната е веќе три дена, а трагите водат во шумата позади куќата. И убиецот и полицијата ќе направат се* за да ја пронајдат, тргнувајќи секој од својата цел. Полицијата е свесна дека мора да ја пронајде пред да биде предоцна, и затоа бара помош од јавноста. Но, тоа е меч со две острици. Трката со времето започна…

    Трилер каков досега не сте прочитале, интригантен и загадочен до последната страница.

    390 ден