-
-
-
-
-
-
-
-
-
ЧИРАКОТ
Летото во Бостон е жешко, но како додаток на сето тоа се и низата шокантни злосторства во градот, во кои богатите мажи гледаат како нивните сопруги се киднапирани и малтретирани. Начинот на извршување сугерира на еден човек: серискит убиец Ворен Хојт , кој неодамна е отстранет од улиците на градот. детективката Џејн Рицоли мисли дека постои послушник кој ги имитира изопачените медицински техники на Ворен Хојт. Изненадена е од ненадејниот интерес на американската влада за случајот, како и од средбата со специјалниот агент Габриел Дин кој знае многу повеќе отколку што сака да каже. Намногу од сѐ, таа не е ни свесна дека и самата ќе стане цел, откако Хојт ненадејно ќе се ослободи и ќе му се приклучи на неговиот мистериозен брат по крв во злобната одмазда.
-
ГОСПОЃИЦА КОКО И МИРИСОТ НА ЉУБОВТА
Прекрасен роман кој ќе ве трогне опишувајќи го животот на познатата Коко Шанел и начинот на создавањето на познатиот парфем со нејзино име познат ширум светот.Париз, 1919 година.Коко Шанел има веќе успешна модна куќа во која шие за многу познати лица. Но, нејзиниот свет се распаѓа откако нејзиниот љубовник Бој Капел го губи животот во сообраќајна несреќа.Единствено што ја тера да продолжи понатаму е желбата да пронајде парфем во чест на својата најголема љубов. на патот на неговото пронаоѓање ,таа го сретува Дмитри Романов.Заедно тргнуваат на патување на југот од Франција.Токму тука ќе го пронајде тоа што го бара веќе подолго време, трагата на „мирисот на љубовта“. Возбудлива и фасцинантна романсирана биографија на модната икона Коко Шанел.
-
-
-
-
-