- Не можете да додаете "ЈАС ПИНК ПАНТЕР-3 ДЕЛ" во кошничката бидејќи производот не е на залиха.
-
-
-
-
ВРТЕЛЕШКА
Ангела која живее во паланка, доаѓа во големиот град и мечтае да го има луксузот во кој е израсната нејзината најдобра другарка Сунчица. Таа е убава и скромна и станува сон на многу мажи…
Во Вртелешка некои знаат да сакаат, а некои стануваат жртви на жените кои не можат да ги преболат. Во својот најдобар роман досега, Зорана Шулц ги става читателите на вртелешката на животот и се прашува дали сме безгрижни и тогаш кога ќе ни се оствари сѐ она за кое сме сонувале.
-
-
МОСТОТ НА КЛЕЈ
Овој прекрасен роман претставува мултигенерациска семејна сага за пет браќа по смртта на нивната мајка и заминувањето на нивниот татко, се препуштени сами на себе. Toa e семејство кое го снашле сите можни несреќи, завиени со вел на одамна закопани тајни.За да сфати зошто сѐ тоа им се случило, Метју Данбар мора да пронајде три нешта: загубената машина за пишување, мртвото куче и коските на змијата која го убила. Во својата потрага ќе дознае дека неговата мајка минала континенти за да најде нов дом, а татко му ја барал љубовта во клавишите на стариот клавир. И, што е најважно ќе дознае зошто неговиот брат Клеј се одлучил за подвиг на кој никој друг во неговото семејство не би се осмелил.
390 ден -
-
-
-
-
ЈАПОНСКИОТ ЉУБОВНИК-МАТИЦА
Кога пророштвото на локалниот свештеник се остварува, наивната девојка од Цејлон што татко ѝ со измама ја омажил, станува господарка на огромен имот во Малаја. Сепак , тоа е живот без страст, а Парвати копнее верно да сака и да биде сакана. Јапонците ја окупираат Малаја и на Парвати и е одземена куќата.Таа е принудена брзоплето да реши и да се согласи да му биде љубовница на човек кој ѝ е заколнат непријател. За прв пат ќе доживее екстаза, а непријателот постепено ѝ станува љубовник за каков што копнеела отсекогаш.
-
-
-
-
-
-
ГРОБОТ НА ПЛАНИНАТА
Уште едно прекрасно дело од серијалот за криминалистичкиот профајлер Себастијан Бергман. Ова е приказна за две жени кои планинарејќи ќе се загубат откривајќи коски од човечка рака. Локалната полиција пристигнува на местото на злосторството, но не наоѓа едно туку шест тела. Помеѓу скелетите се и две деца, сите убиени со истрели во главата. Не постои сведок, нема траги и никој не пријавил исчезнување.Истрагата ја презема Торкел Хеглунд, а повикан е и криминалистичкиот психолог Себастијан Бергман. Идентитетот на жртвите е енигма, а кога успеваат да пронајдат трага, некој на висока положба по секоја цена сака да ги прикрие овие смртни случаи…
550 ден -
-
ОД ИМЕТО НА СЕМЕЈСТВОТО
Оваа книга одразува турбулентен историски момент и ги остава настрана митовите за да го оживее семејството Борџија: комплицирано, сурово, страсно и величествено. Пред нас е возбудливо патување низ последните години на династијата Борџија, и тоа во друштво на младиот дипломат Николо Макијавели.