-
СОБАТА НА ПЕПЕРУТКИТЕ
Поузи Монтакју се приближува до својот седумдесетти роденден. Адмирал хаус, нејзиниот сакан дом од детството,сместен во прекрасната околина на Сафок и место каде ги одгледала своите синови, полека се распаѓа.Таа е свесна дека мора да донесе тешка одлука, да се продаде имотот. Но оддеднаш, се појавува Фреди, нејзината прва љубов кој ја напуштил и ја оставил со скршено срце педесетина години порано.Борејќи се да излезе на крај со својот постар син, Сем и неговите матни бизнис-зделки, кои замалку не го доведуваат неговото семејство на улица, како и враќањето на другиот син, Ник, во Англија, Поузи не е сигурна дали може да му верува на Фреди и неговата љубов. А, тој и Адмирал хаус долги години кријат страшна тајна. Фреди знае дека ако сака да го продолжи животот со Поузи , одново ќе ѝ го скрши срцето. Ова е приказна за тоа како една лага од минатото може да уништи цел живот исполнет со верувања.
-
НЕ СУМ ВИНОВНА
„Тоа е судбината на жените…Често нѐ претставуваат лажно… “
Динамичен роман кој го отсликува необичното зближување на две жени со иста тешка судбина. Роман кој те учи дека без разлика на сѐ, треба да се бориш за животот кој е дар од Бога!
-
-
РИНГИШПИЛ
Нејзините покрети беа понежни и посуптилни од секоја нота. Нејзиното тело е синоним за страст и уметност истовремено. Елеганција, лирско изразување, емоции и грациозност во себе носат едно име : Ана Балинт. Знаеше дека го сака, единствен , со страсна , длабока, чиста, немерлива љубов. Ј.Б.Алимпиќ испишува интимна исповед на балерина со кревко тело и џиновски дух, градејќи приказна за малите-големи луѓе, балетските сцени, салашите и уметниците, поетите и нивните музи, утрата кои мирисаат на слатко од дуња и незаборавните руски зими.
-
СЕСТРАТА СОЗДАДЕНА ОД БУРА
Втора книга од серијалот за СЕДУМТЕ СЕСТРИ. Али Д*Аплиез се подготвува за натпревар во една од најопасните трки на јахти во светот. И, тогаш дознава за мистериозната смрт на нејзиниот татко – посвоител. Бидејќи животот ѝ се превртува наопаку, таа решава да ја напушти морската шир и, следејќи ја трагата што ѝ ја оставил татко ѝ да отпатува во ледените предели на Норвешка со цел да ја открие мистеријата на своето потекло.
-
СЕСТРАТА НА СОНЦЕТО
Електра – најубавата, најбурната и најчуствителната од сестрите Д*Аплиез, изгледа како жена која има се*, слава, богатство, убавина! Но, после веста за смртта на Тате Солт, нејзината ментална состојба се влошува и таа бара утеха во алкохолот и дрогата. Додека сите околу неа се загрижени за нејзиното здравје, Електра добива писмо од непозната личност која тврди дека е нејзина баба…
-
-
АНГЕЛСКО ДРВО
Поминале 30 години откако Грета го напуштила Марчмонт хол, величествена и прекрасна куќа сместена на падините на Мотмутшир. Но, кога се враќа за Божик, таа не се сеќава на минатото поврзано со ова место – резултат од ужасната несреќа која затемнила и избришала две децении од нејзиниот живот. А, потоа за време на една прошетка низ зимскиот пејзаж, таа наидува на гроб во шумата.Избледениот напис на надгробната плоча нагризана од времето ѝ открива дека тука почива мало момче…
-
ПАПАТА ЈОВАНА
Папата Јована е сеопфатна историска драма насочена кон турбулентните настани што го карактеризираа 19 век, ограбувањето на катедралната црква Св.Петар од страна на Сарацените, пожарот во Борго кој уништи повеќе од три четвртини во Ватикан, битката кај Фонтеној, веројатно се најкрвавите и најужасните средновековни конфликти. Романот е фасцинантен живописен запис за животот во раниот среден век, ремек дело за неизвесноста и страста во чиј центар се наоѓа една мошне исклучителна и фасцинантна жена во историјата на Западот позната под името Папата Јована. Таа е една од најконтроверзните личности во историјата на човештвото, која преправена во маж, застанува на чело на Христијанската црква и во 9 век станува прва и единствена жена која ќе седне на пресветиот папски трон во црквата Св.Петар во Ватикан.
-
-
-
-