-
-
-
-
-
ВРТЕЛЕШКА
Ангела која живее во паланка, доаѓа во големиот град и мечтае да го има луксузот во кој е израсната нејзината најдобра другарка Сунчица. Таа е убава и скромна и станува сон на многу мажи…
Во Вртелешка некои знаат да сакаат, а некои стануваат жртви на жените кои не можат да ги преболат. Во својот најдобар роман досега, Зорана Шулц ги става читателите на вртелешката на животот и се прашува дали сме безгрижни и тогаш кога ќе ни се оствари сѐ она за кое сме сонувале.
-
МОСТОТ НА КЛЕЈ
Овој прекрасен роман претставува мултигенерациска семејна сага за пет браќа по смртта на нивната мајка и заминувањето на нивниот татко, се препуштени сами на себе. Toa e семејство кое го снашле сите можни несреќи, завиени со вел на одамна закопани тајни.За да сфати зошто сѐ тоа им се случило, Метју Данбар мора да пронајде три нешта: загубената машина за пишување, мртвото куче и коските на змијата која го убила. Во својата потрага ќе дознае дека неговата мајка минала континенти за да најде нов дом, а татко му ја барал љубовта во клавишите на стариот клавир. И, што е најважно ќе дознае зошто неговиот брат Клеј се одлучил за подвиг на кој никој друг во неговото семејство не би се осмелил.
-
-
-
-
-
-